Достапни линкови

Полицијата и денеска ја обезбедува пругата кај Гевгелија


Полицијата и денеска ја обезбедува пругата кај Гевгелија, но ситуацијата е мирна и нема насобрани таксисти на местото каде во изминативе денови тие протестираа. Бегалците кои се во кампот „Винојуг“ на македонско - грчката граница, во моментов се качуваат на воз, а во кампот се наоѓа и претставникот на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Скопје, Мохамед Ариф. Волонтерите од невладините организации велат дека во следните 24 часа се очекува да пристигнат околу 3.500 бегалци.

Таксистите веќе не се во можност да ја блокираат пругарта, но медиумите објавуваат дека тие најавиле дека ќе блокираат институции, односно зградата на општината, за да се испочитува она што било договорено пред три дена со Министерството за внатрешни работи и со претставниците на Центарот за управување со кризи, навечер бегалците да се превезуваат со воз, а преку ден со автобуси и такси возила. Сепак потоа се случил вонреден состанок на Управниот комитет каде беше решено дека повротно транспортот ќе биде само со воз.

XS
SM
MD
LG