Достапни линкови

Северна Кореја лансираше сателит, итен состанок во ОН


Северна Кореја рано денска лансираше ракета до долг дострел во вселената, предизвикувајќи нуклерна загриженост кај своите соседи и Вашингтон. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено до Ким Јонг Ун било „целосен успех.“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање на балистички проектил кој може да носи нуклеарна боева глава, тест кој е забранет од страна на бројни резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун лансирањето го нарече „длабоко непристојнио“ и потенцираше дека било користено балистичка ракетна технологија. Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН на барање на САД, Јужна Кореја и Јапан, закажа итен состанок за попладнево за да се дискутира за можностите за нови санкции на ОН. Лансирањето следува по тврдењето на Северна Кореја во јануари дека тестирала хидрогенска бомба.

XS
SM
MD
LG