Достапни линкови

logo-print

Издадени потврди на 1.782 мигранти


Во последното деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.782 странски државјани, од кои 625 од машки и 390 од женски пол, како и на 757 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 10 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил. МВР соопшти дека според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија 948, потоа на 442 државјани на Авганистан и на 392 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 до 24,00 часот на 6 февруари 2016 година, издадени се потврди на вкупно 65.184 странски државјани, од кои 26.571 се од машки пол, 14.029 се од женски и 24.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 124 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-31.880, Авганистан-20.447 и Ирак-12.854.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 6 февруари 2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

XS
SM
MD
LG