Достапни линкови

Запален центар за помош на бегалци во Прага


Чешката полиција соопшти дека синоќа група од 20 непознати напаѓачи го запалиле центарот во Прага кој им помага на бегалците, неколку часа откако илјадници луѓе одржаа протест во главниот град против муслиманите и имиграцијата. Напаѓачите влегле во центарот „Клиника“ каде се собира облека за бегалците и фрлиле молотови коктели. Властите велат дека најмалку едно лице било повредено во нападот. Портпаролот на пжарникарите во Прага изјави дека пожарот бил брзо изгаснаст. Активистите кои работат во центарот, поранешна клиника во Прага, рекоа дека напаѓачите биле нео-нацисти. Анти-муслиманскиот протест одржан пред Прашкиот замок, беше еден од многуте на 6 фебвруари низ Европа, организирани од страна на организацијата пегида ПЕГИДА основана во Дрезден, што значи: Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот.

XS
SM
MD
LG