Достапни линкови

logo-print

Халманд под закана од окупација од Талибанците


Неидентификуван авганистански командант на армијата вели дека клучната област во јужната провинција Хелманд е на работ да биде окупирана од Талибанците. Командантот за Би-Би-Си рекол дека поголемиот дел од областа Сангин е заземена од страна на милитантите. Тој вели дека Владата се уште ги контролира клучните локации во главниот град на областа Сангин, но предупреди дека тие области се под непосредна закана. Тој истакнал дека во серија талибански напади врз владини позиции се убиени голем број на војници во изминативе денови. Тој исто така тврди дека со денови не е испратено засилување. Минатиот месец шефот на полицијата во Халмондм, Абдул Рахман Сарјанг рече дека Владата во Кабул испратила засилување во областите Герешк, Марјех и Сангин.

XS
SM
MD
LG