Достапни линкови

Полициски кордон ја штити пругата во Гевгелија


Вечерва во 19 часот тргна возот со бегалците, а полицијата и натаму ја обезбедува пругата кај Гевгелија во близина на кампот „Винојуг“ на македонско - грчката граница, велат претставниците на невладините организации кои се присутни на терен. Тие додаваат дека во моментов таксисити кај пругата нема, откако безбедносните сили интервенирале и таксистите го напуштиле местото каде претходно протестираа.

Кастриот Реџепи од невладината организација „НУН Култура“ вели дека се зборува оти тројца таксисти побарале помош во болница.

„Имало интервенција на полицијата, меѓутоа не можам да кажам во која мера. Во моментов нема ниту еден таксист таму. Прееска кога поминав имаше толпа што стоеше пред полицијата и највероватно се обиделе да пробијат и полицијата интервенирала“, вели Реџепи.

Денешниот обид на такиситите да протестираат, резултираше со кордон на полицијата за да ја заштити пругата да не можат да ја блокираат, вели Реџепи

„Бегалците во помали групи доаѓаат во кампот и откако ќе се регистрираат одат накај возот за да се пополни потребниот број. Одлуката од пред неколку дена, наводно тие дојдоа во договор таксистите да возат денски, а само навечер да се пуштаат возови и така беше два дена, но вчера имаше вонреден состанок на Управниот комитет и беше решено дека повротно транспортот ќе биде само со воз. При обидот да протестираат полицијата дојде до пругата и направи кордон, така што ја штити пругата за да не може да се блокира.“

XS
SM
MD
LG