Достапни линкови

Хан: Заедничко европско решение за бегалската криза


Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска изјави дека е неопходно да се најде заедничко европско решение за бегалската криза, за да се избегне претворањето на земјите од Западен Балкан во „паркинг за бегалци“. „Треба да ја избегнеме ситуацијата земјите од Западен Балкан, кои се кандидати за членство во ЕУ, да станат паркинг за бегалци“, рече Хан во Амстердам, каде денеска се одржува неофицијална средба на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидатки за членство, посветена на мигрантската криза. Хан предупреди дека решенијата, донесенувани одделно од земјите, може да имаат домино ефект. „Шенген е симбол на Европа и не треба да дозволиме да пропадне“, подвлече еврокомесарот Хан.

XS
SM
MD
LG