Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Работењето на медиумите е регулирано со Законот за избори


ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека работењето на медиумите во периодот пред претстојните избори е регулирано со Законот за избори. Законот за избори, појаснуваат, беше поддржан и од СДСМ и обезбедува подеднаква застапеност на сите политички субјекти кои ќе учествуваат на изборите.

Оттаму додаваат дека последната сламка во која Зоран Заев гледа спас од излегување на избори е апсурдното барање за нов Законот за медиуми. ВМРО-ДПМНЕ смета дека резервната варијанта во која Зоран Заев бара спас од излегувањето на избори е целосно во рацете на СДСМ: „Прочистувањето на избирачкиот список е во ингеренција на ДИК каде што СДСМ има контрола. Втората најодговорна институција околу изборите, Министерството за внатрешни работи исто така е раководена од генералниот секретар на СДСМ, се наведува во реакцијата.

XS
SM
MD
LG