Достапни линкови

Иран: Саудиска Арабија нема храброст да испрати копнени сили во Сирија


Командантот на Исламската револуционерна гарда на Иран вели дека Саудиска Арабија нема храброст да испрати копнени сили во Сирија. „Тие тврдат дека ќе испратат копнени сили во Сирија, но јас не мислам дека ќе се сомелат да го сторат тоа,“ истакна командантот на ИРГЦ, Мохамад Али Џафари. Тој коментираше реагирајќи на соопштението на регионалниот ривал на Иран, Саудиска Арабија, дека е подготвена да се приклучи во копнени операции во Сирија и да се бори против екстремистичката група на Исламската држава, доколку такво нешто одлучи воената Алијанса предводена од САД.

XS
SM
MD
LG