Достапни линкови

Заев: Клучни цели слободни и независни медиуми


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека клучни цели на партијата се слободни и независни медиуми и оти без регулација на медиумите и прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори.

Според Заев, СДСМ се залага за создавање медиумски простор за непристрастно и објективно информирање. Со промена на власта, рече Заев, СДСМ ќе им гарантира на новинарите слобода да истражуваат и да информираат за сите случувања во државата заштитени од било какви притисоци. Тој најавил укинување на радиодифузната такса и дека регулаторните тела, како Агенцијата за медиуми (АВМУ), ќе бидат независни, транспарантни и професионални во својата работа. „Ќе ги вратиме јавните дебати како суштина на демократијата. Носителите на власта ќе имаат обврска редовно да се појавуваат на јавни дебати и соочувања со опозицијата во медиумите“, наведе Заев.

XS
SM
MD
LG