Достапни линкови

На Идомени 5.000 бегалци чекаат да влезат во Македонија


Продолжува бранот бегалци кон неутралната зона меѓу Грција и Македнонија во реонот на граничниот премин Идомени, откаде во последните 24 часа поминале две илјади лица, соопшти грчката полиција. Во исто време во кампот за привремен престој на граничниот премин Идомени чекаат 1.900 бегалци, кои се сместени во шатори и во автобуси, а други 3.400 бегалци се пред бензиската пумпа во регионот, откако биле довезени со 69 автобуси. Грчката полиција претпоставува дека во следните 24 часа ќе се зголеми бројот на бегалци на граничниот премин Идомени, откако ќе заврши штрајкот на грчките морнари.

XS
SM
MD
LG