Достапни линкови

Продолжуваат авганистанските мировни преговори


Авганистан, Пакистан, САД и Кина денеска ја почнаа третата рунда преговори во Исламабад за да се постават темелите за мировни преговори меѓу Кабул и Талибанците. Се очекува Исламабад да има клучна улога во во евентуалното донесување на Талибанците на преговарачката маса. Но, двете страни по повеќе од една деценија војна, остануваат со дијаметрално спротивни ставови. Авганистанските лидери ветија дека ќе ги збришат сите бунтовници кои нема да се приклучат во мировниот процес. Талибанците, пак, се придржуваа до своите барања за повлекување на сите странски сили од Авганистан, пред да почне да се преговара. Тие исто така бараат ослободување на талибански затвореници, како и утврдување на некоја форма на исламистичка власт.

„Надежите за мир се зголемени бидејќи се вклучени САД и Кина. Овие две светски сили имаат големо влијание во Авганистан и во Пакистан и можат да извршат притисок врз двете земји да ја охрабрат вооружената опозиција да дојде на преговарачка маса“, изјави пред почетокот на преговорите високиот член на авганистанскиот Висок мировен совет, Абдул Хаким Муџахид.

XS
SM
MD
LG