Достапни линкови

Усвоена била Националната стратегија за млади


Јована Ананиевска, координаторка во ХЕРА.

Јована Ананиевска, координаторка во ХЕРА.

Без никаква најава добивме документ чија последна верзија никој од учесниците ја немаше видено. Едно бледо прелистување на усвоениот документ може да покаже дека се направени измени на текстот за кои не беа консултирани младите кои работеа на документот. Уште повеќе, стратегијата е усвоена, ама без акцискиот план кој заеднички го креиравме, пишува Јована Ананиевска, координаторка во ХЕРА во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Имав (не)среќа,иако во завршната фаза, да се вклучам во процесот на изработка на Националната стратегија за млади(НСМ) 2016-2025. На почетокот имав некој скептичен однос кон информациите кои ги добивав од дел од учесниците, а кои упатуваа дека овој процес поминува транспарентно, дека сѐ се одвива во работни групи каде има претставници на скоро сите релевантни сектори на нашето општество. Сепак, со текот на времето, некои учесници почнаа да изразуваат незадоволство од процесот. Од другата страна, пак, организаторите се расфрлаа со моќни реченици дека овој процес ги вклучува потребите на младите, и дека оваа стратегија се прави за млади од млади.

Деновиве излезе и усвоена НСМ од страна на Владата на РМ. Ја прочитав и искрено, се почувствував како мало дете на кое родителите му тутнале лижавче во уста за да престане да плаче и да прекине да се дере за своите потреби. Искрено се почувствував како оваа „транспарентност“ која тотално беше занемарена во финалниот процес и магично ја промени содржината за која засегнатите беа согласни, е уште еден суптилен шамар кој на малите деца им прави трауми во животот.

Според досегашните мои искуства стекнати со нашите „институции“,мојата скепса и неверување беа природна реакции. Но, ете, за момент, се понадевав дека конечно во нашава „држава“ ќе се донесе документ, дека конечно ќе имаме Стратегија за млади и реално ќе ги земе предлозите од младите за потребите на младите.

Деновиве излезе и усвоена НСМ од страна на Владата на РМ. Ја прочитав и искрено, се почувствував како мало дете на кое родителите му тутнале лижавче во уста за да престане да плаче и да прекине да се дере за своите потреби. Искрено се почувствував како оваа „транспарентност“ која тотално беше занемарена во финалниот процес и магично ја промени содржината за која засегнатите беа согласни, е уште еден суптилен шамар кој на малите деца им прави трауми во животот.

Без никаква најава добивме документ чија последна верзија никој од учесниците ја немаше видено. Едно бледо прелистување на усвоениот документ може да покаже дека се направени измени на текстот за кои не беа консултирани младите кои работеа на документот. Уште повеќе, стратегијата е усвоена, ама без акцискиот план кој заеднички го креиравме. Додека во моментов на веб страната на Агенција за млади и спорт (организаторите), најавуваат креирање на акциски план (само) со институциите. Толку од важноста на младинските прашања.

Не ги споредувам младите во оваа држава со мали деца, бидејќи во многу наврати докажаа колку се возрасни и одговорни за своите постапки и барања. Меѓутоа, ми се чини, дека оваа Влада, која и покрај сериозните обвиненија за злоупотреби, продолжува повремено да му пушта по некое безмилосно лижавче со горчлив вкус на овој народ, уште еднаш докажа дека е бескрупулозна.

И сега како да се враќаме на почетокот, во 2011 кога како младинските организации успеавме да го сопреме законот за млади.

Најпрво мојата реакција беше гнев, лутина кон промените кои овој документ ги претрпе зад затворени врати. Се осетив измамено и ниско. Кривицата веднаш ја препишав на оние кои не лажат.

Но сега додека го пишувам овој текст, почнав сериозно да си потврдувам: Не, не се они криви што не лажат, ние сме криви што упорно им го дозволуваме тоа задоволство. Се надеваме како мали деца дека секоја мала светлинка е знак за надеж и некаква мала победа, а не сакаме да ги отвориме очите дека нема светлина, дека нема преговори, дека нема соработка со луѓе со криминален ум, кои воопшто немаат никаква социјална одговорност, ниту грижа за граѓаните за кои треба да работат. Дали стигнавме во ситуација -„Наивниот и финиот остануваат секогаш измамени“. Дали сме наивни што воопшто помислуваме дека ние имаме некаква шанса за достоинствен живот во оваа држава во следните 20 години. Се бориме и надеваме на мали и големи победи. Се надеваме на правда. Доброто на крај ќе победи. Како мали деца во некој свој Дизни свет. Не драги мои, нема да дојде правдата. Нема сама да не дочека на портите. Мораме веќе сите сили да ги фокусираме да излеземе од ова одвратно мочуриште и да ги бутнеме доле тие кои не ставија во него. А за тоа е потребна сплотеност. Не двоење на групи, не сепарација на движења, и не расправање околу различни стратегии. Обединети во една цел. Најбитна цел.

Толку ми беше мило кога прв пат се појави некаква студентска мобилизација која ни покажа на сите граѓани како треба да се активираме. Како треба да се бориме. Толку бев среќна кога се појави тој Студентски пленум, тој Средношколски пленум. Па толку бев горда кога сестра ми Ема, за која пишував во претходната колумна, со оган во градите се приклучи кон окупацијата на универзитетите и беше возбудена дека можеби нешто малку тргнало нанапред. Беше дел од таа еуфорија и чувство на одговорни студенти кои застанале за себе и решиле да не се повлечат.

Ете така уште од млади ни зборуваат дома, „треба да се бориш за себе“, „не треба да се повлекуваш од тоа во кое веруваш“, „мораш да застанеш за себе“, „ако не ти, тогаш кој“. А кога ќе дојде времето да се спротивставиме на овие опресивни политики кои тотално се контра нас и ни штетат на можностите, на работата, на здравјето, на достоинството, на животот генерално, е тогаш од грижа да не ни се случи нешто, родителите ни зборуваат, „немој седи си на страна, немој да бидеш во први редови“, „тие секогаш гинат, а за нив на никој не му е гајле“.

Епа еве мене ми е гајле. Мене ми е гајле за сите млади кои за себе застанаа и сега повторно некој си проигрува со нив. Мене ми е гајле за сите млади луѓе во ова општество кои решија повеќе да не ги слушаат старите поговорки „ќути си, трај си“ „наведната глава, сабја не кине“ и решија да земат одговорност за себе и генерациите кои во иднина ќе треба да живеат во ова општество. Кои со полно срце и широки гради се спротивставија на неправдата, кои со месеци не спиеја и организираа секакви настани и недозволуваа некој да им ги чепне и упропасти нивните универзитети, нивната желба за правда и нивното достоинство.

Епа истите овие млади повторно беа предмет на безмилосна манипулација. Младите се една група на нашето општество. Младите покажаа што значи истрајност и борба. Епа драги мои, токму од нив треба да учиме. Да им се приклучиме на нивната борба без разлика дали мислиме дека нас нивниот проблем директно не нѐ засега. Сите нѐ засега сечија борба. Сечија борба која е борба за правда. Нѐ засега секој документ кој нема да биде донесен во правилна постапка и не ги задоволува потребите на засегнатите. Сите сме засегнати од секој криминал кој поминал неказнето и охрабрил други, макар и истиот да бил извршен на нашиот „непријател“. Сите сме засегнати да се казни сторителот кој го повредил нашиот „непријател“. Треба можеби секојдневно да се потсетуваме на изјавата „Воопшто не се сложувам со тебе, но ќе го дадам животот за твоето право тоа да го кажеш“. Време е да се чукнеме во глава и утринската мантра да ни биде „Не ме засега нивниот проблем, но животот ќе го дадам за и тие да бидат третирани правично“. Кај нас веќе никој не е третиран правично. Кај нас оние кои треба да работат во име на граѓаните работат против нив. Кај нас сите нѐ засега да направиме промена.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG