Достапни линкови

logo-print

20.000 Сиријци распоредени на границата со Турција


До 20.000 Сиријци се распоредени на границата со Турција побегнати по владината офанзива во близина на северниот град Алепо. Жестоки борби се пријавени меѓу бунтовниците и владините сили поддржани со воздушни напади на Русија, кои буквално го опколија Алепо кој беше бунтовничко упориште. Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека во судирите на 5 февруари во Ратјан, град во близина на Алепо, имало 120 жртви на двете страни. Канцеларијата за Координација на хуманитарните работи на Обединетите Нации, соопшти дека проценките се дека повеќе од 20.000 луѓе се собрале на граничниот премин кај Баб ал-Салама и дека други 5 до 10 илјади се раселени во блискиот град Азаз. Се верува дека околу 300.000 луѓе се заробени во Алепо, откако главната рута на бунтовниците беше отсечена од страна на владините сили во офанзивата која ги потопи мировните преговори во Женева со посредство на ОН.

XS
SM
MD
LG