Достапни линкови

Времето денеска: Сончево со умерен ветер


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од два до девет степени. Во Скопје слично време, малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

XS
SM
MD
LG