Достапни линкови

Заеднички напори за справување со бегалскиот бран


Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс денеска, во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи од ЕУ и од земјите од Западен Балкан во Амстердам рече дека е важно заеднички да се работи за Европа да може да се справи со бранот бегалци.

„Утре изутрина ќе имаме состанок со колегите од Западен Балкан. Знаеме дека има голема тензија таму, дека има еден вид каскаден модел во кој секоја различна земја носи [различни] одлуки(заб. во врска со мигрантската криза). Сега е важно да работиме заедно, да видиме како можеме, како Европа, да работиме заедно со Западниот Балкан, Грција и со Турција да се справиме со приливот на бегалци“, рече тој.

XS
SM
MD
LG