Достапни линкови

Користете кондоми во земји каде што го има вирусот зика


Американските здравствени власти ги повикаа граѓаните да користат кондоми или да се воздржуваат од сексуални односи ако патуваат во области каде што беше идентификуван вирусот зика. Американскиот центар за контрола на заразни болести денеска соопшти дека се неопходни мерки за претпазливост, откако минатата недела беше потврден првиот случај на сексуален пренос на вирусот во американската сојузна држава Тексас.

Светската здравствена организација, пак, соопшти дека ќе побара 25 милијарди долари за борба против ширењето на вирусот, кој предизвикува раѓање деца со невролошки проблеми и со невообичаено мали глави, состојба позната како микроцефалија. Парите ќе се користат за истражување како и дали, вирусот кој главно се пренесува преку комарци, може да се пренесе и преку сексуален контакт или преку трансфузија на крв.

Властите во Бразил ги предупредија бремените жени никого да не бакнуваат, затоа што вирусот бил откриен во човековата плунка и урина, што теоретски значи дека вирусот може да се пренесе и на тој начин.

XS
SM
MD
LG