Достапни линкови

Димовски - Предлогот на СДСМ за медиумите е неспроведлив


Предлог-законот на СДСМ за медиумите е сосема неспроведлив, спротивен е на Уставот, на сите меѓународни стандарди, европски препораки и директиви, цензорски и практично неспроведлив. Ова го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешниот брифинг со новинарите во Собранието, повторувајќи дека за ВМРО-ДПМНЕ ваквото решение е апсолутно неприфатливо. Според Димовски, предлог-законот на СДСМ е надвор од здравиот памет и покажува дека оваа партија сака да стави рака врз медиумите. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги напушти преговорите, но во никој случај нема да прифати предлози кои не се базирани на аргументи и на меѓународните искуства, рече Димовски.

На новинарско прашање во врска со препораката од американскиот амбасадор во ОБСЕ Катица Јанева да добие политичка поддршка од сите лидери, посебно од ВМРО-ДПМНЕ, Димовски рече дека неговата партија учествуваше во изборот на специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим и го поддржа буџетот за нивната работа.

XS
SM
MD
LG