Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу полицијата и жителите на Кос поради бегалски центар


Илустрација: Бегалци пристигнуваат на Кос

Илустрација: Бегалци пристигнуваат на Кос

Полицијата денеска се судри со локалните жители од грчкиот остров Кос, кои се противат на изградба на центар за регистрација на имигрантите на местото на некогашната касарна, објавија атинските медиуми. На Кос од минатото лето секојдневно пристигнуваат поголем групи бегалци од Сирија и Ирак. Демонстрантите фрлале со камења врз полицајците, кои возвратиле со солзавец. Како што јави Танјуг, двајца демонстранти се префрлени в болница поради проблеми со дишењето. Локалните жители сакаат бегалците веднаш да бидат пренесувани на копното, стравувајќи дека приливот на имигранти може да го уништи туризмот - главниот извор за приходи на островот. Очевидци изјавија дека изградбата на центарот не била прекината и покрај протестите. Грчките медиуми наведуваат дека на овој остров од утрово се наоѓаат четири полициски одреди од Атина и дека ситуацијата е критична.

XS
SM
MD
LG