Достапни линкови

НАТО - Руските напади во Сирија ги подриваат мировните разговори


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

НАТО соопшти дека руските воздушни напади во Сирија „ги подриваат“ мировните разговори со посредство на ОН, кои имаат за цел да најдат политичко решавање на речиси петгодишниот конфликт. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана од ЕУ во Амстердам, рече дека Русија главно напаѓа опозициски групи во Сирија, но и ги зголемува тензиите и го нарушува воздушниот простор на Турција, кој е воздушен простор и на НАТО, што создава ризици. Мировните разговори меѓу сириските власти и бунтовниците во Женева оваа недела пропаднаа.

XS
SM
MD
LG