Достапни линкови

Аневски - Јанева го прекршила законот, но нема дисциплинска постапка


Специјалната обвинителка Катица Јанева при исклучувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим го прекршила Законот за работни односи и обвинителство, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, по денешната седница на Советот. Двете обвинителки и понатаму фигурираат како дел од специјалното обвинителство. Засега, како што вели Аневски, Советот донел одлука дека нема да поведуваат дисциплинска постапка против Јанева.

XS
SM
MD
LG