Достапни линкови

Мораториум за сеча на шуми за индустрија и извоз во Албанија


Илустрација

Илустрација

Албанскиот Парламент усвои десетгодишен мораториум врз сечата на дрвја за индустријата или извозот. Законот им дозволува на локалните власти да одобруваат само ограничена сеча на дрвја за огрев. Околу 1,4 милиони хектари шуми во Албанија беа исечени или изгорени во последните 26 години по падот на комунистичкиот режим, при што во просек секоја година беа исечени 2,5 милиони дрвја. Министерот за животна средина Лефтер Кока изјави дека крајното решение за тој мораториум дошло откако последните мерки не успеаја да ја спречат загубата на шумите, една од главните причини за поплави во земјата во изминатите години.

XS
SM
MD
LG