Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да кажат за какви реформи се залагаат


Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинарите и медиумските работници денеска ги повикаа двете најголеми македонски политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, да кажат за што вистински се залагаат во однос на регулацијата во медиумската сфера. Тие го повикаа СДСМ да им го достави нивниот предлог за медиумите, а во спротивно, апелираат до ВМРО-ДПМНЕ да им го достави предлогот на СДСМ во име на рамноправната транспарентност на преговарачките страни. Според двете здруженија, предлогот на СДСМ кој бил доставен неделава, значително се разликува од предлозите на белгискиот посредник Питер Ванхауте. Тие се противат на идејата на СДСМ новинарската етика да се регулира со закон, зашто во демократските земји тоа се прави со саморегулација. Пред Клубот на пратениците, каде обично се одржуваат преговорите за медиумите, претставниците на двете здруженија ја осудија, како што посочија, медиумската хајка против посредникот Ванхауте, чии предлози, според нив, биле во насока на департизација на регулаторот и јавниот сервис и на почитување на општите стандарди во новинарството.

XS
SM
MD
LG