Достапни линкови

Папата Франциск на прва средба со рускиот патријарх Кирил


Папата Франциск ќе одржи историска средба со патријархот на Руската православна црква Кирил во Куба наредната недела, соопшти денеска Ватикан. Средбата закажана за 12 февруари ќе биде прва меѓу лидерите на Ватикан и на Руската православна црква. Црквите се поделија за време на големата шизма во 1054 година по што несогласувањата меѓу нив останаа. Папата Франциск ќе застане на Куба при неговото патување кон Мексико, а патријархот Кирил таму ќе биде во официјална посета. Православната црква соопшти дека патријархот Кирил ќе се сретне со папата поради потребата од заеднички одговор на прогонот на христијанските малцинства на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG