Достапни линкови

Протести на полицијата во Атина


Илустрација

Илустрација

Припадници на грчката полиција денеска се собраа пред зградата на Парламентот во Атина на протести против реформите на пензискиот систем. Демонстрантите беа блокирани од нивни колеги од обезбедувањето на зградата, но немало инциденти, јавија грчките медиуми. Претставник на Унијата на полициските синдикати за грчката телевизија „Мега“ изјави дека на протестот полицајците дошле во униформи. На еден од транспарентите на протестите, полицајците напишаа: „Алексис Ципрас, зошто го убиваш својот народ?“. Денешните протести на полицајците се во рамки на протесната кампања организирана на повик на струковите синдикати на безбедносните сили против предложените пензиски реформи од страна на Владата.

XS
SM
MD
LG