Достапни линкови

Вирусот зика се шири и преку трансфузија на крв


Бразил соопшти дека биле откриени два случаја на пренесување на вирусот зика преку трансфузија на крв. Со тоа дополнително се зголеми загриженоста во врска со овој вирус кој е поврзан со дефекти кај неродените бибиња. Вообичаено вирусот зика го пренесуваат комарци. Деновиве беше откриен и случај на негова трансмисија преку сексуален контакт. Нема вакцина за третман на вирусот кој досега е забележан во 26 земји, главно во Јужна и Централна Америка. Бразилските наушници се надеваат дека за една година би можело да развијат вакцина која би била тестирана на луѓе.

XS
SM
MD
LG