Достапни линкови

Затвореник на распит во СЈО за убиството на Мартин Нешкоски


Поранешниот полицаец Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешкоски, денеска бил изнесен од зградата на Специјалното јавно обвинителство, јавува телевизијата Алсат М. Но, од Специјалното обвинителство во интерес на истрагата не потврдуваат дали затвореникот кој бил на распит е Игор Спасов. Пред Обвинителството повеќе од еден час имало паркирано полициски возила.

Младиот Мартин Нешкоски беше убиен во 2011-тата година во близина на плоштадот Македонија во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваше изборната победа. Спасов е осуден на 14 години казна затвор. Од прислушуваните разговори што ги објавуваше опозицијата, можеше да се слушне дека високи функционери, вклучително и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и редица други се обидувале да го прикријат убиството на Нешкоски.

Убиството на Нешкоски предизвика протести и во 2011 и по објавувањето на бомбите во мај минатата година.

XS
SM
MD
LG