Достапни линкови

Најавени 10 милијарди долари помош за Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги поздрави најавите за 10 милијарди евра помош за кризата во Сирија за време на донаторската конференција во Лондон, велејќи дека меѓународната заедница никогаш не собрала толку пари за една криза во само еден ден. Од најавената помош, 6 милијарди долари се само за оваа година. Велика Британија најави 1,75 милијарди долари до 2020. САД најавија уште 900 милиони долари со што вкупната хуманитарна помош за Сирија ќе достигне 5,1 милијарди долари. Германија вети 2,6 милијарди долари до 2018 година.

XS
SM
MD
LG