Достапни линкови

Спречен заговор за терористички напад во Берлин


Германските власти денеска соопштија дека спречиле заговор за терористички напад во Берлин, кој бил планиран од алжирски екстремисти осомничени за поврзаност со Исламската држава. Портпаролот на берлинската полиција Стефан Редлич го соопшти ова денеска откако полицијата спроведе низа рации во потрага по осомничените. Двајца Алжирци биле уапсени по веќе постоечки потерници, еден во Берлин, а еден во дом за бегалци во Атендорн. Двајца други биле приведени на распит. Германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на германски безбедносни претставници, објави дека биле пресретнати телефонски разговори во кои осомничените разговарале за можните мети во Берлин, кои ги вклучувале контролниот пункт Чарли од времето на Студената војна, и Александерплац. Германија е во состојба на готовност по терористичките напади во Париз во ноември во кои беа убиени 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG