Достапни линкови

Анархистички групи блокираат улици во Атина


Најмалку две лица се приведени во полиција на разговор за наводна вмешаност во денешните судири што избувнаа меѓу полицијата и демонстрантите за време на протестите против пензиските реформи во Атина. Анархистички групи попладнево поставија барикади на една улица и запалија контејнери за смет. Во исто време, на околните улици се концентрирани силни полициски единици. Група неидентификувани лица, исто така, фрлаа молотови коктели на полицајците стационирана пред канцелариите на ПАСОК. За време на денешниот протест во Атина беше нападнат еден грчки новинар.

XS
SM
MD
LG