Достапни линкови

Иванов - Трпиме последици од случувањата во Сирија


Ние досега како земја ги трпиме последиците од состојбите во Сирија и во регионот и веќе имаме трошоци на кои сме изложени без наша вина. Тоа е на некој начин нашиот удел во овие предизвици кои постојат и се јавуваат со настаните на Блискиот исток, изјави претседателот Ѓорге Иванов на донаторскиот самит за Сирија и регионот во Лондон.

На билатералните средби кои ги имал претседателот Иванов на маргините на Самитот, меѓу кои со британскиот премиер Дејвид Камерон, со премиерот на Словенија Миро Церар, бугарскиот Борис Борисов, како и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, сите биле заинтересирани за состојбата на македонско-грчката граница и за тоа дали се менува структурата на лицата кои транзитираат низ регионот.

XS
SM
MD
LG