Достапни линкови

Неделникот Република со демант за пресот на Шилегов


Неделникот Република преку соопштение до медиумите ги демантира информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој рече дека на неделникот за три години му биле исплатени речиси 900 илјади евра од државата.

„Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи, кои беа искористени во конотација да се наруши угледот и имиџот на медиумот. „Прва Република“ д.о.о.е.л. бара од СДСМ, но и од сите медиуми што ја пренесоа изјавата да го објават демантот во целост и да се извинат за изнесените лаги“, стои во реакцијата од Република.

За изнесените невистини од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, се додава во реакцијата, „Прва Република“ ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните органи. Во исто време, против Шилегов и медиумите што ја пренесоа информацијата ќе биде поднесена соодветна пријава и за противзаконско објавување лични податоци.

XS
SM
MD
LG