Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина


Припадници на грчката полиција и група млади лица се судрија денеска во Атина за време на протестот против реформите во пензискиот систем, но засега нема информации за уапсени или повредени. До инцидентот дошло кога група млади лица почнале да фрлаат молотови коктели и камења врз полицајците. На протестот во центарот на Атина се собрале неколку десетини илјади луѓе. Вработените низ Грција ја прекина денеска работата во знак на протест поради реформите на пензискиот систем, а поради масовниот штрајк откажани се повеќе летови, запрен е поморскиот сообраќај, јавниот превоз, училиштата се затворени, а во судовите, аптеките и државните болници работи само дежурен персонал.

XS
SM
MD
LG