Достапни линкови

Европската комисија предвидува помал раст за Македонија од владата


Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси.

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси.

Европската комисија предвидува стабилен економски раст на македонската економија. Сепак Брисел е помал оптимист за растот од македонските власти. Во зимската европска економска прогноза што денеска ја објави еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси, Европската комисија предвидува раст на македонскиот Бруто-домашен производ БДП за 3,3 проценти оваа година, каков што бил и лани, додека за 2017 година, неформалната Влада на Европската унија предвидува враќање на растот од 3,5 отсто на БДП како во 2014 година.

Народната банка на Македонија предвидува економскиот раст годинава на биде 3,5 отсто, а догодина 4 отсто, додека владата очекува раст од 4 отсто годинава.

XS
SM
MD
LG