Достапни линкови

Во Хрватска исчезнуваат сè поголем број деца бегалци


Група експерти на Советот на Европа за сузбивање на трговијата со луѓе го објави најновиот извештај за Хрватска во кој изрази загриженост за сè поголемиот број исчезнати деца меѓу бегалците и ги повика властите во Загреб да преземат мерки за спречување на таквите случаи. Весникот „Јутарњи лист“ пишува дека оваа порака на официјален Загреб му ја испратил и Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа. Групата експерти на СЕ за сузбивање на трговијата со луѓе во истиот извештај ги поздрави некои од мерките што се преземаат, како усвојување на законот за оспособување на вработените, подигнување на свеста во училиштата за трговијата со луѓе, како и националната стратегија за сузбивање на сиромаштијата и социјалната исклучивост.

XS
SM
MD
LG