Достапни линкови

Шилегов - Неделникот Република добил 900 илјади евра од владата


Петре Шилегов, СДСМ.

Петре Шилегов, СДСМ.

Неделникот Република од владата во изминатите три години добил скоро 900 илјади евра, објави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. На прес-конференцијата што ја одржа на спорните парцели на Водно, за кои СДСМ претходно објави дека се на тогашниот премиер Никола Груевски, Шилегов рече дека Република е во сопственост на фирмата Ирсине лимитед од Белизе, која е регистрирана на иста адреса со фирмата Сирах лимидет, која беше сопственик на спорните парцели. Белизе е „познатиот даночен рај на фамилијата и Никола Груевски“, рече Шилегов, кој додаде дека со пари на граѓаните се плаќа „медиумски мрак, пропаганда и виртуелната реалност, што не постои“ и оти ова е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес.

XS
SM
MD
LG