Достапни линкови

Кери - Москва да не ги бомбардира сириските бунтовници


Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Москва да престане со бомбардирањата врз сириските бунтовнички организации, откако пропаднаа мировните договори со посредство на ОН меѓу Дамаск и сириската опозиција во Женева. Во денешниот телефонски разговор, Кери му рекол на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека во постоечката резолуција на Советот за безбедност на ОН се повикува на итен прекин на огнот во Сирија за да може да се однесе хуманитарна помош до опколените градови. Кери рече дека Лавров се согласил да се разговара како да се спроведе прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG