Достапни линкови

И таксистите ќе возат мигранти од Гевгелија


Железницата останува приоритетен транспорт за мигрантите. Поради нивниот намален број ќе сообраќа само еден воз дневно, а другите ќе ги транспортираат приватните превозници, такси возила и автобуси. Тоа е заклучокот од седницата што синоќа ја одржа Кризниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), информира портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова. Одлуката на Кризниот штаб е времена мерка и зависно од бројот на мигрантите ќе се утврдува и бројот на возовите што ќе ги превезуваат.

Приватни превозници веќе четири дена ја блокираат пругата Гевгелија-Табановце со барање за, како што велат, нивно поголемо учество во превозот. Деблокирање на пругата денеска побараа раководствата на четири синдикати во „Македонски железници“ со образложение дека трпат финансиски штети кои можат да се одразат на исплатата на платите.

XS
SM
MD
LG