Достапни линкови

logo-print

Грчки автобуси и мигранти го блокираа патот кон Македонија


Грчки возачи на автобуси и мигранти кои сакаат да стигнат до Западна Европа го блокираа сообраќајот на магистралниот пат што води кон границата со Македонија, „во знак на протест поради тоа што пропуштањето на мигранти во Македонија оди премногу бавно“, јавуваат грчките медиуми. Најмалку 80 автобуси со мигранти веќе неколку дена стојат во близина на границата со Македонија. По уште една ноќ помината на бензинска станица 14 километри јужно од грчко-македонската граница, возачите на автобусите денеска ги паркираа возилата на главниот пат, а ним им се приклучиле и стотици мигранти кои извикувале „Меркел, Меркел“, јави снимател на западен медиум од местото на настанот.

XS
SM
MD
LG