Достапни линкови

Обама во прва посета на џамија во САД


Американскиот претседател Барак Обама предупреди на зголемената антимуслиманска реторика во САД и побара од муслиманските лидери да се заложат против екстремистичките толкувања на Исламот. Зборувајќи за време на неговата посета на Исламската заедница во Балтимор, Обама изјави дека треба да се отфрли политиката која манипулира со предрасуди врз верска основа. Ова беше прва посета на Обама на една џамија за време на досегашниот негов седумгодишен мандат.

XS
SM
MD
LG