Достапни линкови

САД и Франција ја обвинуваат Русија за Сирија


Соединетите држави и Франција ја обвинија Русија, како и режимот во Сирија, за поткопување на мировните преговори поради кампањата за повторно заземање на некои делови што сега се под контрола на опозицијата. Во изминативе неколку денови за време на преговорите во Женева, сириски копнени сили поддржани од руски воздушни напади презеле силна офанзива околу стратегискиот град Алепо на северот на Сирија. Во воздушните напади, според наводите, имало и цивилни жртви. Американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека ваквите акции на Русија ја покажуваат нејзината интенција за решавање на сирискиот конфликт со воени средства, а не со преговори.

XS
SM
MD
LG