Достапни линкови

Претседателот Иванов на донаторски самит за Сирија


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во Лондон ќе учествува на „Самит за поддршка на Сирија и регионот“ каде што ќе има и свое обраќање. Целта на состанокот на шефови на држави и влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија, како и поддршка на државите кои се особено погодени од бранот на бегалци и се крајна цел на бегалците. Крајната цел, според најавата на организаторите е да се намали приливот на бегалци кон европските земји. На самитот е најавено учество на лидерите на повеќе од 70 држави од светот, претставници на ОН, претставници на меѓународни и регионални организации, како и претставници од невладиниот и од приватниот сектор.

XS
SM
MD
LG