Достапни линкови

Јункер: Нема да дозволам Грција да излезе од Шенген


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека нема да дозволи излегување на Грција од Шенген, јавуваат грчки медиуми.

„Се борев да биде избегнато излегување на Грција од еврозоната, а сега нема да дозволам излегување на државата од Шенген“, нагласи Јункер во Европскиот парламент.

Тој додаде дека треба да ѝ се помогне на Грција за зачувување на нејзините граници, а не „да ѝ се нафрламе со извршување обврски од Шенгенскиот договор“.

„Грција, сепак, треба да направи нешто повеќе за зачувување на своите граници“, дополни Јункер.

XS
SM
MD
LG