Достапни линкови

Обама за прв пат во посета на американска џамија


Американскиот претседател Барак Обама денеска за прв пат посети американска џамија во одбрана на верските слободи поради зголемувањето на антимуслиманската ретрика во САД. Обама ја посети џамијата на Исламското друштво од Балтимор каде што разговараше со лидерите на заедниците. Белата куќа соопшти дека посетата на Обама се случува во време кога антиисламската реторика влезе во изборната кампања за претседателските избори. Исламското друштво во Балтимор е една од најголемите муслимански организации во САД. Друштвото поврзува илјадници семејства од турско потекло, но има и имигранти од други националности

XS
SM
MD
LG