Достапни линкови

Вирусот зика се пренесува и преку сексуален контакт


Светската здравствена организација изрази загриженост во врска со информациите дека вирусот зика бил сексуално пренесен во САД и побара дополнителна истрага. Американските здравствени власти соопштија дека првиот случај на вирусот зика бил забележан во сојузната држава Тексас и оти веројатно бил пренесен преку сексуален контакт, а не преку убод од комарец. Ова е втор објавен случај на сексуален пренос на болеста. Засега клучот за контролирање на ширењето на вирусот е во прскањето против комарци и носењето соодветна облека. Вирусот зика предизвикува раѓање деца со невролошки проблеми и со невообичаено мали глави, состојба позната како микроцефалија.

XS
SM
MD
LG