Достапни линкови

Меѓународни осуди за севернокорејското лансирање сателити


Северна Кореја предизвика бран меѓународни осуди, откако најави дека ќе продолжи со лансирањето сателити. Пјонгјанг вчера ги извести агенциите на ОН дека планира да лансира „сателит за набљудување на Земјата“ меѓу 8 и 25 февруари. Критичарите сметаат дека тоа би можело да го унапреди развојот на ракети со долг дострел кои може да носат нуклеарни боеви глави. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека овој чекор „покажува невидено непочитување на општо признатите норми на меѓународното право“. Американскиот Стејт департмент соопшти дека лансирањето е уште еден аргумент дека се потребни построги санкции од ОН против Северна Кореја. Јужна Кореја го предупреди Пјонгјанг дека „скапо ќе плати“ ако продолжи со планот, додека јапонскиот министер за одбрана соопшти дека издал наредба за соборување на која било ракета што би можела да падне на јапонска територија.

XS
SM
MD
LG