Достапни линкови

logo-print

Русија ќе бомбардира во Сирија до пораз на „терористите“


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да запре со воздушните напади во Сирија додека сите „терористички“ организации не бидат поразени. Не гледам зошто овие воздушни напади треба да запрат, реле Лавров на прес-конференција во главниот град на Оман, Мускат. Американскиот државен секретар Џон Кери вчера дека Русија треба да престане да ги бомбардира опозициските сили во Сирија, сега кога почнаа мировни разговори предводени од ОН за окончување на конфликтот. Дел од сириските опозициски организации кои учествуваат во неформалните разговори во Женева, бараат запирање на руските напади како услов за почеток на преговорите. Лавров рече дека „кусовидост“ на сириската опозиција е да очекува дека „предуслови поставени во форма на ултиматум, може да ги решат проблемите“.

XS
SM
MD
LG