Достапни линкови

Вучиќ: Србија нема да биде паркиралиште за бегалци


Премиерот Александар Вучиќ денеска порача дека Србија нема да биде паркиралиште за имигранти, дека не сака и нема да вдоми стотини илјади од нив, но е подготвена да учествува во системот на квоти, иако ја нема таа обврска како членките на ЕУ. Коментирајќи ги неофицијалните информации дека на претстојната конференција во Лондон дел од парите ќе бидат наменети за Србија со цел дел од мигрантите да се задржат во земјата, Вучиќ нагласи дека „тие пари ние не сме ги виделе, тоа се многу големи пари за нашата земја, и кога на нас некој би ни дал толку милиони евра, тоа би значело дека стотина илјади имигранти ќе останат во Србија“, но оти тоа не е можно. Српскиот премиер повтори дека на Србија не ѝ се потребни пари, дека трошоците поврзани со имигрантите ќе ги покрие од сопствениот буџет и им се се заблагодари на УНХЦР и ЕУ.

XS
SM
MD
LG