Достапни линкови

Стандардизирана регистрација на мигранти на Балканот


Стандардизирана регистрација на мигранти долж западно-балканската рута денеска беше договорена на работниот состанок на директорите на полициите на Македонија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија. Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски, на прес-конференција по состанокот информира дека на лицата кои што немаат патни документи, носат фалсификувани патни документи или коишто даваат погрешни информации за идентитетот или земјата од која што доаѓаат нема да им се овозможи транзит.

XS
SM
MD
LG