Достапни линкови

logo-print

Бугарски автобус се истумба на патот Куманово - Крива Паланка


Дваесет и шест лица се повредени, од кои четири потешко, во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 21 часот и 30 минути откако бугарски автобус кој се движел на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка излетал од патот кај селото Опила. Четворицата потешко повредени со санитетски возила од Крива Паланка, каде што им беше укажана прва помош, ќе бидат превезени на лекување во Софија во организација на бугарската амбасада во Скопје.

XS
SM
MD
LG